а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ластовица

мн. ластовици
Вид збор: Именка, женски род
Преселна птица со чаталеста опашка и зашилени крилја, црна со бел преден дел.
Латински: Hirundinidae Англиски: swallow
Употреба: Зоологија
Примери:
Ластовиците направија гнездо под нашата стреа.
Изрази
Прва ластовица - прв во некоја област, прв од својот вид.
(посл.) Една ластовица не прави пролет.
Изведенки
1. ластовиче ср.
мн. ластовичиња
хип.
2. ластовичка ж.
мн. ластовички
хип.
3. ластовечки прид.
ластовечкиот
Ластовечки јазик - таен јазик, игра; пред секој слог се додава „ци"
4. ластовички прид.
ластовичкиот
Пример: Ластовички цвркот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи