а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лаже

лажат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Кажува лаги, невистини, измислици.
Англиски: lie Албански: rrej, gënjej
Примери:
Лажеше за да го заштити другарот.
2. Мами, прави измами.
Англиски: cheat Албански: gënjej, mashtroj
Примери:
Ме лажат очиве или ова навистина се случува?
Не играј карти со него зашто секогаш лаже.
3. Занимава, забавува некого.
Англиски: entertain Албански: mashtroj, argëtoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Лажи ги некако да им мине времето.
4. (се лаже) Сам се убедува во некоја лага.
Албански: rrehet
Примери:
Себеси се лажеш, штом уште веруваш во тоа.
5. (се лаже, мн.) Заемно cи кажуваат лаги, измислици.
Албански: gënjej
Примери:
Од утро до вечер се лажат и пак се заедно.
6. (се лаже) Се мами, греши, не добива точна претстава за нешто.
Англиски: mistake Албански: gaboj
Примери:
Cе лажеш во врска со тоа.
Ако не се лажам, веќе сме се сретнале.
7. (се лаже) Cе занимава, се забавува.
Англиски: distract Албански: mashtroj, argëtoj
Примери:
Детето се лажеше со играчката и не заплака воопшто.
Изрази
Ако баба лаже, трап не лаже - ако не му се верува на зборот, има цврст доказ.
Изведенки
лажење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи