а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ладен

ладни
Вид збор: Придавка
1. Што има ниска температура, но не е премногу студен.
Англиски: cold
Примери:
Ладна зима.
Ладно утро.
Ладно време.
Ладна вода.
2. Што е рамнодушен, што не се возбудува лесно.
Англиски: cool
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ладен однос.
Ладен поглед.
Изрази
Ладно оружје - оружје од кое не се пука (нож, копје, меч, боздоган, лак и стрела и сл.) чија моќ завиcи од силата на тој што го употребува или од друга механичка сила.
Мртов ладен - сосема рамнодушен.
Изведенки
ладно прил.
Пример: Надвор е ладно. Ладно го погледна.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи