а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лага

мн. лаги
Вид збор: Именка, женски род
1. Исказ што не е вистинит, што не е точен.
Англиски: lie Албански: gënjeshtër, rrenë
Примери:
Cе што кажа беше лага.
Лаги и измислици овој пат не те спасуваат.
2. Измама, намерно искривување на вистината.
Англиски: cheating Албански: rrenë, mashtrim
Примери:
Ова беше внимателно скроена лага.
Изрази
Лагата има куси нозе - лагата брзо се открива.
(посл.) Со лага ага не бидува - лагата брзо се открива.
Го фатија во лага - открија дека лаже.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи