а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лавиринт

мн. лавиринти
Вид збор: Именка, машки род
1. Сложена градба, непрегледно место со многу испреплетени ходници или улички, во кои е тешко за ориентација и тешко се доаѓа до излезот.
Англиски: labyrinth Албански: labirint
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Скиташе низ лавиринтот од улички.
2. Внатрешниот дел од увото.
Англиски: labyrinth Албански: labirint
Употреба: Анатомија
3. Сложена, заплеткана работа.
Англиски: maze Албански: labirint
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се загуби во лавиринтот на човековата потсвест.
4. Положба од која тешко може да се излезе.
Англиски: labyrinth Албански: labirint
Употреба: Преносно значење
Примери:
Без да сака, влезе во дипломатскиот лавиринт.
Изведенки
лавиринтски прид.
лавиринтскиот
Пример: лавиринтски скршнувања
FlexiMac
 менување на македонски глаголи