а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

куче

мн. кучиња
Вид збор: Именка, среден род
1. Домашно животно што лае и обично има улога на чувар.
Латински: Саniѕ familiаriѕ Англиски: dog Српски: пас Албански: qen Бугарски: куче Грчки: σκυλί
Употреба: Зоологија
Примери:
куче чувар
бесно куче
полициско куче
верно куче
Цела ноќ кучињата лаат.
2. Лош човек, крвник, проклетник.
Англиски: villain
Употреба: Пејоратив , Преносно значење
Примери:
Го прелага она куче предавничко.
Куче ниедно!
Изрази
Село без кучиња - незаштитено место.
Нема ни куче ни маче - сиромав, осамен човек.
Рани куче да те лае - за неблагодарен човек.
Изведенки
1. кученце ср.
мн. кученца
дем. и хип.
2. кучиште ср.
мн. кучишта
аугм. и пејор.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи