а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

курс

мн. курсеви
Вид збор: Именка, машки род
1. Правец по кој се движи брод, авион и сл.
Англиски: course Албански: kurs, drejtim
2. Насока, линија на дејствување на партија, организација и сл.
Англиски: direction Албански: kurs, drejtim
Примери:
Политичарите го заоструваа курсот.
Ова е генерален курс на партијата.
3. Систематско излагање од определена научна област.
Англиски: compendium Албански: kurs
Употреба: Образование
Примери:
Курс по лингвистика.
4. Кратка настава и обука од теоријата и практиката на некоја наука или струка.
Англиски: class Албански: kurs, mësim
Употреба: Образование
Примери:
Летни курсеви.
Противпожарен курс.
Угостителски курс.
5. Дневна цена на валутите, акциите, хартиите од вредноcт или на некои стоки на берзата.
Англиски: exchange rate Албански: kurs
Употреба: Економија
Примери:
Курсот на доларот е неповолен.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи