а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кула

мн. кули
Вид збор: Именка, женски род
1. Извишена цврста тесна градба како засилување на градски ѕид или како дел од тврдина, од замок, четвртеста или заоблена.
Англиски: tower Турски: kule Албански: kullë
Употреба: Архитектура и градба , Историја
Примери:
Маркови кули.
Кулите на нашето кале се многу убави.
2. Самостојна, тесна, висока градба со различна намена (градски часовник, светилник).
Албански: kullë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Саат-кулата беше оштетена за време на земјотресот.
3. Висока (обично станбена) зграда.
Англиски: tower block Албански: kullë, bllok
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Живеам на највисокиот кат од кулата.
Изрази
Ветува златни кули -премногу ветува.
Ѕида (гради) кули во воздух - се занесува со големи, неостварлива планови.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи