а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

круша

мн. круши
Вид збор: Именка, женски род
1. Листопадно овошно растение со вкусни плодови малку конусно издолжени.
Латински: Pyrus Англиски: pear Албански: dardhë
Употреба: Ботаника
Примери:
Во Македонија има питоми и диви круши.
Седнав под крушата.
2. Плод од такво дрво.
Англиски: pear Албански: dardhë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Купив круши.
Овие круши се јадат зимно време.
Изрази
Крушата под круша паѓа - какви се родителите, такви ќе им се децата.
(посл.) Кој седи под круша, тој јаде круши.
Една душа, една круша (сум) - сам човек, самец.
Чека круши на врба.
Изведенки
крувче ср.
мн. крувчиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи