а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

крупен

крупни
Вид збор: Придавка
1. Што има голем обем; што има големи димензии.
Англиски: large Албански: i madh
Примери:
Тој е крупен човек.
крупен компир
2. Што се cоcтои од истородни поголеми честички.
Англиски: coarse-grained Албански: i trashë
Примери:
крупен шеќер
крупна сол
крупно брашно
3. Што е важен.
Англиски: serious Албански: i madh
Примери:
крупно прашање
4. Што е истакнат.
Англиски: important Албански: i madh
Примери:
крупна личност
FlexiMac
 менување на македонски глаголи