а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

круниса

крунисаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави круна на глава при стапување на престол како симбол на владетелска моќ.
Англиски: crown Албански: kurorëzoj
Примери:
Го крунисаа за крал.
2. Заврши нешто успешно, се најде на врвот на нешто.
Англиски: crown Албански: kurorëzoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговата политичка кариера ја круниса со заминување на амбасадорска должност.
3. (се круниса) Се прогласи за владетел; прими круна како симбол на владетелска моќ.
Англиски: crown Албански: kurorëzohem
Примери:
Самоил се круниса за цар.
4. (се круниса) Се заврши нешто успешно, има резултат од нешто.
Англиски: crown Албански: kurorëzohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нашите напори се крунисаа со успех.
Изведенки
1. крунисува несв.
(се) крунисуваат
2. крунисување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи