а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

круна

мн. круни
Вид збор: Именка, женски род
1. Златен венец или вид капа со скапоцени украcи за монарх како симбол на власт и на достоинство.
Англиски: crown Албански: kurorë
Примери:
кралска круна
царска круна
2. Владетелска власт и самиот владетел како носител на власта.
Англиски: monarch Албански: monark
Примери:
По заповед на круната.
3. Венец или нешто слично што се става на глава како симбол на нешто.
Англиски: garland Албански: kurorë
Примери:
Кумот трипати им ги размени круните на младенците.
трнлива круна
4. Светол ореол околу сонцето при затемнување.
Англиски: corona Албански: kurorë, brerore
Употреба: Астрономија
Примери:
сончева круна
5. Горните гранки на дрвото.
Англиски: tree-top Албански: kurorë peme
Употреба: Ботаника
Примери:
Дрвјата во градината имаа раскошни круни.
6. Дел од цветот со одвоени или сраснати цветни ливчиња.
Англиски: ring Албански: kurorë lule
Употреба: Ботаника , Зоологија
Примери:
цветна круна
7. Перје на главата на некои птици што потсетува на круна.
Англиски: plumage Албански: kurorë
8. Највисок степен на нешто.
Англиски: crest Албански: kurorë, maje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Бракот е круна на љубовта.
9. Парична единица во некои држави.
Албански: koronë
Употреба: Економија
Изрази
Ќе му падне круната - ќе ја изгуби честа, достоинството.
Изведенки
круничка ж.
мн. крунички
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи