а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кружи

кружат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Се движи (оди, лета) во кружна или слична линија околу нешто.
Англиски: circle Албански: rrethoj, rrotulloj
Примери:
Околу пламенот кружеа мушички и ноќни пеперутки.
Над бојното поле кружеа авиони.
2. Тече, струи, циркулира во тело, механизам, повторувајќи го истиот пат.
Англиски: revolve Албански: qarkulloj
Примери:
Крвта кружи во телото.
Топлата вода кружи низ механизмот на инсталациите на парното греење.
3. Се протега во кружна линија.
Англиски: circle Албански: qarkon
Примери:
Патот кружи околу градот.
4. Оди од место на место, од рака на рака, од човек на човек.
Англиски: circle Албански: qarkullon
Употреба: Преносно значење
Примери:
По селата кружеа агитатори на неколку партии.
Шишето со ракија кружеше од рака на рака.
Изведенки
кружење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи