а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кружен

кружни
Вид збор: Придавка
1. Што му припаѓа на круг.
Англиски: circular Албански: i rrethit, rrethor
Примери:
кружна отсечка
кружен лак
2. Што има облик на круг.
Англиски: round Албански: i rrumbullakët
Примери:
Ископа кружна дупка за да се собира водата.
3. Што се врши во круг, во обиколување.
Англиски: circular Албански: rrethor
Изрази
Кружен тек - место каде што се вкрстуваат повеќе улици и сообраќајот се одвива во круг според определени правила.
Кружно движење - движење во круг.
Кружно патување - патување со ист почеток и крај.
Изведенки
кружно прил.
На кружен начин.
Пример: Во темнината светилките кружно си го отвораат патот. Почна да шета кружно.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи