а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

крстоса

крстосаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Постави нешто во облик на крст.
Англиски: cross Албански: kryqëzoj
Примери:
Двете момчиња ги крстосаа дрвените сабји.
2. (почесто несв.) Се движи вдолж и вшир по определен терен или простор.
Англиски: cruise Албански: lundrim
Примери:
Авионите неколку пати го крстосаа небото.
3. Спои животни или растенија од различни видови (за добивање хибриди).
Англиски: crossbreed Албански: hibridizoj
Употреба: Биологија
Примери:
Ние крстосавме неколку сорти пченица.
4. (се крстоса) Се вкрсти, cе сече, cе поставува едно со друго вкрстено.
Англиски: intersect Албански: kryqëzohet
Примери:
Гранките од едниот ред се крстосиле со гранките од другиот ред.
Изведенки
крстосува несв.
крстосуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи