а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

крпи

крпат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Поправи нешто оштетено, пополни, затне дупки на оштетена површина, доведе во добра состојба.
Англиски: mend Албански: arnoj
Примери:
Жената ги крпеше чорапите.
Тој го крпеше скинатиот опинок со некоја голема игла.
2. Поправи нешто оштетено, го доведе во првобитна состојба.
Англиски: patch Албански: arnoj
Примери:
Тој крпеше бродови и чамци за да преживее.
Ја крпеше колибата со 'ржаница.
Секоја пролет ги крпат улиците.
3. Тешко живее, живурка.
Англиски: survive Албански: arnoj, mbijetoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој едвај крпеше.
4. (се крпи) Крпи свое, за себе.
Англиски: mend Албански: arnohem
Примери:
Тој сам се крпеше и се переше.
Изведенки
крпење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи