а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

крои

кројат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Сече ткаенина, кожа, хартија и др. на парчиња по определена форма и големина заради шиење костум, фустан, обувки и сл.
Англиски: tailor Албански: sajoj, pres për qepje
Примери:
Крои палто.
Чевларот кроеше нови модели на сандали.
2. Реже лозје, овошка; потсекува прачки, гранки заради подобар род.
Англиски: prune Албански: krasis, pres
Употреба: Земјоделство
Примери:
Тој го кроеше лозјето секоја година.
3. Подготвува материјал, сече, реже по мера (греди, летви).
Англиски: cut Албански: pres
Примери:
Мајсторот ги кроеше гредите.
4. Смислува нешто заради некоја цел.
Англиски: plan Албански: planifikoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој со лукавство ми крои зло.
Крои планови.
Изрази
Му крои капа - смислува нешто за некого.
Изведенки
кроење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи