а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кристализира

кристализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Стане, станува кристал.
Англиски: crystallize Албански: kristalizoj
Примери:
Многу минерали при определени услови кристализираат.
2. Утврди, утврдува нешто во постојан, во определен облик.
Англиски: crystallize Албански: kristalizoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој го кристализира своето мислење.
На седницата опозицијата го кристализира својот став во врска со изборите.
3. (се кристализира) Се претвори во кристал, премине во кристална состојба.
Англиски: crystallize Албански: kristalizohet
Примери:
Водата се кристализира во ситни иглички мраз.
4. (се кристализира) Се изјасни, придобие јасен, конечен облик.
Англиски: clarify Албански: kristalizohet, qartësohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нивните одноcи се кристализираа.
Изведенки
кристализирање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи