а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

криза

мн. кризи
Вид збор: Именка, женски род
1. Многу тешка состојба, промена кога се очекува или излез, решавање, или крајно лоши последици.
Англиски: crisis Албански: krizë
Примери:
Станбена криза.
Политичка криза.
Финансиска криза.
Владина криза.
Воена криза.
2. Голем недоcтиг на нешто.
Англиски: scarcity Албански: mungesë
Употреба: Економија
Примери:
Криза за леб.
Нафтена криза.
Енергетска криза.
3. Преломен момент во развојот на некоја болест.
Англиски: crisis Албански: krizë
Употреба: Медицина
Примери:
Сега е видливо дека му помина кризата и детето оздраве.
Душевна криза.
Нервна криза.
Изрази
Економска криза - тешка состојба во економијата што обично се изразува со голема безработица и осиромашување.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи