а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кривина

мн. кривини
Вид збор: Именка, женски род
1. Искривеност, отстапување од правата линија или од рамната површина.
Англиски: curve Албански: lakesë
Примери:
Бокал со тркалезни кривини.
Старечка кожа со кривини и бразди.
2. За пат, река - свијок, свртување, искривен дел.
Англиски: turn Албански: kthesë, lakesë
Примери:
Ги совладува кривините на патот.
Речна кривина.
3. вина
Англиски: guilt Албански: faj
4. неправда, лага, невистина
Англиски: injustice Албански: padrejtësi
Примери:
Правината ја надможува кривината.
Господ дал и правина и кривина.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи