а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

крв

мн. крвови
Вид збор: Именка, женски род
1. Црвена течност што тече низ крвните садови на човекот и животните и ги обезбедува хранењето и размената на материите во клетките.
Англиски: blood Албански: gjak
Употреба: Медицина
Примери:
Му тече крв од носот.
Артериска крв.
Крв од вена.
2. потомство, пород, потекло
Англиски: race Албански: gjak
Употреба: Преносно значење
Примери:
Благородничка крв.
Расни коњи од чиста крв.
3. Убиство, пролевање крв.
Англиски: vendetta Албански: gjak, gjakmarrje, vrasje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Убиството на момчето со крв ќе се плаќа.
Мостот со крв го ослободија.
Изрази
Крв за крв - убиство за убиство, живот за живот.
Во крвта му е - тоа го носи од раѓање, својствено му е.
Има врела крв - многу е темпераментен.
До последната капка крв - до смрт.
Зла/лоша крв - човек што прави зло наоколу.
Крвта вода не станува - секој оди кај своите, секој им простува на своите.
Пролие недолжна крв - убие невин човек.
Падна крв - некој загина.
Ќе падне крв - ќе биде опасно.
Пие, цица крв (некому) - измачува некого до крајни граници.
(Тоа) ми (ти, му ...) влезе (влегло) во крвта - помине нешто во навик.
Ми (ти, му ...) врие крвта - млад сум, полн енергија.
Ми (ти, му ...) удри крвта во главата - пламнав, силно се вознемирив.
Со некого е на крв на нож - е во многу лоши односи.
Човек со модра/сина крв - човек со благородничко потекло, поинаков од другите.
Данок во крв - (истор.) одземање на машки деца од страна на турската власт од христијанското население, нивно потурчување, од нив била регрутирана јаничарската војска.
Крв ми (ти, му...) е - роднини сме.
Му (ми, ти...) мрзне крвта во жилите - чувствува голем страв.
Напишано со крв - искрено, со многу чувства.
Со памук крвта му ја вади - се однесува лицемерно, а всушност постојано мачи некого.
Внесе зла крв меѓу нив - ги раскара, направи раздор.
Род по крв - крвно сродство.
Изведенки
1. крвца ж.
едн
дем. и хип.
2. крвиште ср.
мн. крвишта
аугм. и пејор.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи