а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

крвави

крвават
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Губи крв од себе со истекување.
Англиски: hemorrhage Албански: gjakderdhje
Употреба: Медицина
Примери:
Му крвават непцата.
Жената многу крвавела.
2. Пролева крв во војна.
Англиски: bleed Албански: gjakderdhje
Примери:
Синовите му крвавеа по боиштата.
3. пати, страда
Англиски: suffer Албански: vuaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му крвави срцето по љубената.
4. Станува црвен, поруменува.
Англиски: redden Албански: skuqem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сонцето крвави на заоѓање.
5. (се крвави) Се валка со крв, станува крвав.
Англиски: bleed Албански: gjakderdhje
Примери:
Се крвавеа во прстите од студот.
6. (се крвави) Се бори, се убива, заемно, меѓу себе.
Англиски: bleed Албански: zhvat
Примери:
Двете војски се крвавеа.
Изрази
Си ги крвави рацете - убива еден или повеќемина.
Изведенки
крвавење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи