а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

крај

мн. краеви
Вид збор: Именка, машки род
1. Завршок на населено место или на некаква површина.
Англиски: end Албански: fund
Примери:
крајот на градот
на крајот на нивата
на крајот на светот
2. Дел од населено место.
Англиски: area
Примери:
Имаат куќа во најубавиот крај на градот.
Живее во сиромашниот крај.
3. покраина, област, предел
Англиски: area
Употреба: Географија
Примери:
планински крај
приморски крај
северен крај
револуционерен крај
4. родно место, татковина
Англиски: home
Примери:
роден крај
5. Раб, црта, крајна страна на нешто.
Англиски: end
Примери:
Дојде до крајот на улицата.
Седна на крајот од каучот.
6. Завршок на некој предмет.
Англиски: end
Примери:
Го пресече крајот на мушамата.
7. Последен момент или период од нешто минливо.
Англиски: end
Примери:
крај на годината
крај на работното време
8. (едн.) смрт
Англиски: dead
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му се ближи крајот.
9. разврска
Англиски: resolution
Примери:
среќен крај
тажен крај
Изрази
Го извлече подебелиот крај - настрада.
Којзнае кај ќе му излезе крајот - којзнае како ќе биде, како ќе заврши.
Му го најде крајот - успеа да направи нешто, најде излез.
На крај на ум не ми иде - не ни помислувам на тоа.
Не му се гледа крајот - не се знае кога ќе заврши.
Стапот има два краја - во судир двете страни може да настрадаат, неизвесно е која.
Одвај врзува крај со крај - одвај успева да преживее со малку.
Изведенки
крајченце ср.
мн. крајченца
ср. дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи