а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

краен

крајни
Вид збор: Придавка
1. Што е на крајот, што е последен, заден.
Англиски: last
Примери:
крајна порака
со крајни напори
Крајно време е.
крајна куќа
2. Што е оддалечен.
Англиски: remote
Примери:
крајните западни села
3. Што е вонреден, исклучителен, необичен, што е силно пројавен, максимален.
Англиски: extreme
Употреба: Преносно значење
Примери:
Крајни напори.
Краен националист.
Крајна пробивност.
4. Што е дефинитивен.
Англиски: final
Примери:
Крајна цел.
Краен резултат.
Крајно решение.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи