а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

крава

мн. крави
Вид збор: Именка, женски род
1. Израснато женско говеда, женката на бикот.
Латински: Воѕ vacca Англиски: cow Албански: lopë
Употреба: Земјоделство , Зоологија
Примери:
Млечна крава.
Јалова крава.
Стелна крава.
2. Крупна, трома жена.
Англиски: cow Албански: lopë, grua e plogët
Употреба: Пејоратив , Разговорно
Изрази
Крава молзница - крава што обилно дава млеко.
(прен.) Крава молзница - лице од кое може постојано да се извлекува корист.
Изведенки
1. кравичка ж.
мн. кравички
дем. и хип.
2. кравче ср.
мн. кравчиња
дем. и хип.
3. кравиште ср.
мн. кравишта
аугм. и пејор.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи