а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кој

мн. кои
Вид збор: Заменка
1. Именска прашална заменка за лице: во директно прашање кога се прашува за непознато лице или за предмет.
Англиски: who
Примери:
Кој дојде?
Кого барате?
Кој ви дал право на тоа?
Од кое место си?
На која клупа да седнам?
2. Во зависни иcказни реченици.
Англиски: who
Примери:
А јас сега, ниту знам кој сум ни што сум.
Посака да праша кое време е.
Се колебаше кого да избере.
Чекаа учителот да им определи кој во кое одделение ќе учи.
Треба да видиме кој за што е дојден тука.
Скоро имаше заборавено со кого си има работа.
3. Во извични и прашално-извични реченици.
Англиски: who
Примери:
Кој смее мене да ме затвори!?
Кој да ги разбере плановите!
4. Во односни реченици: на почетокот од односната реченица со која се определува еден збор или поим од претходната реченица.
Англиски: who
Примери:
Видов еден човек кој ми се стори познат.
Тешки се прашањата на кои треба да одговорам.
Си била една царица која имала три сина.
Масата при која седеше беше прекриена со зелена чоја.
Дворот во кој влегува е доста широк.
5. За иcкажување посвојност: чиј.
Англиски: who's
Примери:
На кого е детево?
Човек, заслугите на кој не можат да се избројат.
6. Во неопределено значење при набројување: некој..., еден..., друг..., трет...
Англиски: some
Примери:
Потоа луѓето се сјурија надолу, кој на нозе, кој на колена, кој на дланки.
Но еве минат ученици, кој сам, кој двајца или во група.
Бевме наседнале околу печката, кој на маса, кој на столици и си разговаравме.
Изрази
Кој (и да) било - сеедно кој, некој.
Кој-годе - сеедно кој, секој.
Кој знае! - за изразување сомнеж, чудење за нешто непознато.
Кој (го) знае - не се знае, никој не знае.
Како кој - изразува нееднаквост, нееднаква примена, важност и сл. на нешто.
Кој од кој (подобар) - има значење на придавка во компаратив.
Со кое лице ќе излезеш пред него? - како ќе излезеш пред него?
Со кој ум го стори тоа? - како го стори тоа?
Изведенки
1. која ж.
2. кое ср.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи