а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кошка

кошкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Удира со нога нешто.
Англиски: kick Албански: shkelmoj
Примери:
Ги кошкаа расфрлените предмети.
2. Шутира топка.
Англиски: kick Албански: shutoj
Примери:
Децата кошкаат топка низ дворот.
3. поттурнува, омаловажува
Англиски: scuffle Албански: denigroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
На работа го кошкаше кој ќе стигне.
Селаните ги кошкаа вонбрачните деца.
Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, таа пак не умира.
4. (се кошка) Се турка, се удира со некого.
Англиски: push Албански: shtyn
5. (се кошка) Се кара, живее во неслога.
Англиски: quarrel Албански: grindem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не бива да се кошкаме за туѓа жена.
6. (се кошка) се задева, се шегува
Англиски: tease Албански: bezdis
Примери:
Тие се смееја и се кошкаа на патот.
Изведенки
кошкање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи