а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

коцка

мн. коцки
Вид збор: Именка, женски род
1. Правилно геометриско тело cо шест еднакви квадратни површини.
Англиски: cube Албански: kub
Употреба: Математика
2. Предмет со таква форма.
Англиски: cube Албански: kub
Примери:
Коцка шеќер.
Коцка мраз.
Коцки на тротоарот.
3. Таков предмет на кој секоја од страните му е обележана со точки или со број од еден до шест и кој се користи во хазардни игри.
Англиски: die Албански: zar
Примери:
Коцки од домино.
4. Игра на среќа за добивка во пари; хазардна игра.
Англиски: gamble Албански: zar, kumor
Примери:
Ја изгуби куќата на коцка.
5. ждреб
Англиски: die Албански: short
Примери:
Со коцка го избраа.
6. квадрат
Англиски: square Албански: katror
Употреба: Разговорно
Примери:
Тетратка со коцки.
Изрази
Го става животот на коцка - се изложува на опасност.
Коцката е фрлена - решението е донесено.
Изведенки
1. коцкичка ж.
мн. коцкички

2. коцкиче ср.
(едн.)
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи