а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

коти

котат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. За зајаци, глувци и други животни - донесува пород на свет.
Англиски: breed Албански: shumëzohet, pjell
Употреба: Зоологија
Примери:
Зајачицата коти по неколку зајачиња.
2. За човек - раѓа многу деца.
Англиски: multiply Албански: lind
Употреба: Пејоратив
Примери:
Копилињата ги котеле во пештерата.
3. (се коти) За животни - се размножува.
Англиски: breed Албански: pjell
Примери:
Се котат глувци во визбата.
4. (се коти) Се раѓаат деца, се размножуваат.
Англиски: multiply Албански: lind
Употреба: Пејоратив
Примери:
Ем сиромаси, ем само се котат.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи