а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

костреши

(се) кострешат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. За животни, птици - подига тело, влакна, пердуви.
Англиски: ruffle Албански: tërqethem
Примери:
Перјата му се кострешеа.
2. За коса и веѓи - неуредно стрчи на разни страни.
Англиски: bristle Албански: qime të tërqethura
Примери:
Над очите се кострешеа црни веѓи.
3. Покажува надменост, сила.
Англиски: puff up Албански: mendjemadhësi, kryenaltësi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Овие од раководството се перчеа и се кострешеа.
4. Се возбудува, се срди за нешто.
Англиски: annoy Албански: zemëroj, tërqethem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се костреши пред опасноста од нова војна.
Се кострешат, се лутат на неговите шеги.
Изведенки
кострешење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи