а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

коси

косат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Сече трева, жито cо коса или со косилка.
Англиски: mow Албански: kosit
Употреба: Земјоделство
Примери:
Коси жито.
Коси трева.
2. Убива масовно.
Англиски: mow Албански: kosit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Војната коси луѓе.
Коси cо шмајзерот.
3. За ветер - носи со сета сила.
Англиски: mow Албански: fryn
Употреба: Преносно значење
Примери:
Луњите коселе сѐ пред себе.
4. (се коси) Се спротивставува, влегува во костец.
Англиски: oppose Албански: kundërshtoj
Примери:
Cе коси со нашите принципи.
5. се грижи, се јадосува
Англиски: worry Албански: merakosem
Примери:
Cи ја коси душата.
6. (се коси) се грижи
Англиски: worry Албански: merakosem
Примери:
Не коси се за куќата!
Изведенки
косење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи