а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

коса

мн. коси
Вид збор: Именка, женски род
1. Cите влакна на главата кај човекот.
Англиски: hair Албански: flokë
Употреба: Анатомија
Примери:
густа коса, кадрава коса
руса коса, лисеста коса
2. Што личи на коса; реските на врвот на кочанот од пченка.
Албански: flokët
Употреба: Ботаника
3. Вид плевел со долги жолти нишки што личат на коса.
Латински: Cuscuta epithymum Англиски: Hellweed Албански: trumzë mëndafshi
Употреба: Ботаника
Примери:
вилина коса
4. Земјоделско орудие за косење трева направено во облик на долго свиено сечиво и прицврстено на долга дрвена дршка.
Англиски: scythe Албански: kosë
Употреба: Земјоделство
Примери:
Замавна со косата во ливадата.
Ја клепа косата.
5. Планинска страна, дел од планински масив со рамна страна.
Албански: kreshtë
Употреба: Географија
Примери:
планинска коса
6. коса линија
Англиски: slanted line
Употреба: Математика
Изведенки
1. косиче ср.
мн. косичиња
дем. и хип.
2. косичка ж.
мн. косички
дем. и хип.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи