а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кон

Вид збор: Предлог
1. Насока, правец на движење.
Англиски: towards
Примери:
Одеа кон фабриката со забрзани чекори.
Орелот леташе кон планинските врвови.
2. Насоченост, остварување на одредена цел.
Англиски: toward
Примери:
Да пристапиме кон поединечно изјаснување за предлогот.
Поттик кон заедничко извршување на обврските.
3. Значење на приближноcт за место, простор.
Англиски: towards
Примери:
Кон крајот на улицата никнува уште една дивоградба.
4. Значење на приближноcт за време.
Англиски: towards
Примери:
Ќе се вратам кон пладне.
Се подготвуваат да го повторат подвигот кон крајот на месецот.
5. Значење на приближноcт за количество.
Англиски: towards
Примери:
Бројот на молзните крави е веќе кон триста.
6. Значење на присоединување, приклучување, додавање.
Англиски: toward
Примери:
Цел ден го подготвуваа анексот кон договорот.
Кон прашањето за економската емиграција по балканските војни.
7. Однос спрема некого или нешто.
Англиски: toward
Примери:
Бидете коректни кон војниците, немојте да ги провоцирате.
Нетрпеливоста кон новиот шеф јавно ја манифестираше.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи