а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

контаминација

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
1. Загадување со отровни, радиоактивни материи или со заразни бактерии.
Англиски: contamination Албански: kontaminim
Употреба: Воен термин
Примери:
Радиоактивна контаминација на земјиштето.
2. Спојување на разнородни елементи; спој, стопување.
Англиски: contamination Албански: kontaminim
Примери:
Во традицијата често има контаминација помеѓу песна и предание.
3. Спојување на елементи од различно потекло во еден збор.
Англиски: contamination Албански: kontaminim
Употреба: Лингвистика
Примери:
Зборот качамак, преку контаминација со каша, во некои говори се изменил во кашамак.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи