а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

конзервација

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
1. Одржување, чување и заштита на материјалното културно наследство (уметнички дела, објекти, книги итн.) од пропаѓање.
Англиски: conservation Албански: konservim
Примери:
Архитектите се посветиле на конзервација на спомениците на културата.
2. Изведување посебни мерки за заштита и чување на природата.
Англиски: conservation Албански: konversim
Употреба: Екологија
3. Постапка со која се спречува за некое време расипувањето на лесно расипливи материи.
Англиски: preservation Албански: konservim, ruajtje
Употреба: Гастрономија
4. Изведување посебни мерки на заштита и чување на техничко средство, производствен погон во време на неработење.
Англиски: preservation Албански: konservim, ruajtje
Употреба: Технологија
FlexiMac
 менување на македонски глаголи