а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

конец

мн. конци
Вид збор: Именка, машки род
1. Усукани нишки (две или неколку) со еднаква дебелина по целата должина од памук, волна, свила или вештачки материјал што се користи за плетење, шиење, ткаење.
Англиски: thread Албански: pe, fije
Примери:
Шие со игла и конец.
рибарски конец, медицински конец
Конец за шиење.
2. Завршување на нешто.
Англиски: end Албански: fund, mbarim
Употреба: Архаизам
Примери:
Се има конец.
Изрази
Од конец ортома прави - ги увеличува работите, претерува.
Ги држи конците во свои раце - ја држи власта, управува.
Животот му виси на конец - животот му е во опасност.
Како по конец - многу прецизно; праволиниски.
Му ги смрси конците - му ги расипа сметките, плановите.
(разг., грубо) Скина конци - почина.
Виси на конец - се наоѓа во голема опасност.
Куса болест, благ конец - куса болест, брза смрт.
Изведенки
конче ср.
мн. кончиња
дем и хип.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи