а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

композиција

мн. композиции
Вид збор: Именка, женски род
1. Начин на поврзување на елементите и деловите на едно уметничко дело.
Англиски: composition Албански: kompozim
Примери:
композиција на роман
Сликаше композиции, по некој пејзаж и портрет.
2. музичко дело
Англиски: composition Албански: komopozim
Употреба: Музика и танц
Примери:
оркестарска композиција
Испеј една композиција.
3. Теорија на cоздавање музички дела.
Англиски: composition Албански: kompozim
Употреба: Музика и танц
4. Низа од железнички вагони во еден состав што ја влече локомотива.
Англиски: train Албански: kompozim treni
Употреба: Транспорт
Примери:
Пристигна една композиција со бегалци.
5. Распоред на разни елементи на определен простор во некоја просторија итн.
Англиски: composition Албански: kompozim
6. Склоп, состав од различни елементи (во легури, хемиски соединенија).
Англиски: mixture Албански: kompozim, përzierje
Изведенки
1. композициски прид.
композицискиот
Пример: композициско начело, композициски план
2. композициски прил.
Работата е композициски добро обмислена.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи