а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

компир

мн. компири
Вид збор: Именка, машки род
1. Едногодишно градинарско растение што образува плодови во земјата во форма на грутки, богати со скроб.
Латински: Ѕоlanum teborosum Англиски: potato Албански: patate
Употреба: Ботаника , Земјоделство
Примери:
Ја насади леата cо компири.
Отидоа да ги копаат компирите.
2. Самите плодови што се користат за храна.
Англиски: potato Албански: patate
Употреба: Гастрономија
Примери:
печени компири
салата од компири
лупи компири
3. Подземен орган на растение, најчесто украсно што личи на компир, што има форма на компир.
Англиски: bulb Албански: zhardhok
Употреба: Ботаника , Преносно значење , Разговорно
4. Прст од ногата што излегува од скинат чорап.
Англиски: toe Албански: kompir, gisht këmbe
Употреба: Иронично , Разговорно
5. Најслаба оценка на/за нешто.
Албански: kompir, zero
Употреба: Разговорно
Примери:
Доби компир.
6. Глупак, малоумен човек.
Англиски: twit Албански: kompir njeri, torrollak
Примери:
Со оној компирон се дружиш?
Изведенки
компирче ср.
мн. компирчиња
дем. и хип.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи