а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

комедија

мн. комедии
Вид збор: Именка, женски род
1. Вид драма со смешна, весела содржина.
Англиски: comedy Албански: komedi
Употреба: Сцена
Примери:
Најпаметното лице во комедијата е глупакот.
2. Смешна случка, комична ситуација.
Англиски: comical situation Албански: situatë komike
Употреба: Преносно значење
3. Преправање, неприродно, лицемерно однесување со некаква цел.
Англиски: masquerade Албански: komedi, maskaradë
Употреба: Пејоратив
Примери:
Човеку, заврши веќе со таа комедија!
FlexiMac
 менување на македонски глаголи