а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

команда

мн. команди
Вид збор: Именка, женски род
1. Куса усна заповед по установен образец во војската или во спортската обука.
Англиски: command Албански: komandë, urdhër
Употреба: Воен термин
Примери:
Не пукај без команда.
На команда сите тргнаа.
Офицерот издаде команда.
2. Право на управување, надлежност.
Англиски: control Албански: komandë, kontrollë
Примери:
Ја зеде ергелата под своја команда.
3. Воено заповедништво, воена установа.
Англиски: command Албански: komandë
Употреба: Воен термин
Примери:
Склучи договор со воената команда за лиферување добиток.
4. Седиште на воено заповедништво, на воена установа.
Англиски: command Албански: komandë
Употреба: Воен термин
5. Систем од уреди за рачно или автоматско ракување, управување, водење.
Англиски: control Албански: komandë, kontrollë
Употреба: Технологија
Примери:
Команди на авион.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи