а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

коло

мн. кола
Вид збор: Именка, среден род
1. Предмет во облик на тркало.
Англиски: wheel Албански: qark
Примери:
воденичко коло
2. Повеќе елементи поврзани заедно поради општите особини, својства или со иста намена.
Англиски: circuit
Употреба: Технологија
Примери:
струјно коло
3. Низа од дејствија што непрекинато се изменуваат или се случуваат едно по друго, литературни дела од ист издавач што се издаваат во одредени временски интервали, серија.
Англиски: round
Примери:
Прво коло на библиотека.
4. Низа од натпревари во разни спортски дисциплини кои се повторуваат во одредени периоди.
Англиски: round
Употреба: Спорт
Примери:
Во првото коло од натпреварите победи нашиот тим.
5. Низа од дејствија што непрекинато се изменуваат или се случуваат едно по друго, во разни игри на среќа, лотарија, спортска прогноза и сл.
Англиски: round
Примери:
Во второто коло се продадоа повеќе лозови.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи