а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

колосек

мн. колосеци
Вид збор: Именка, машки род
1. Пруга, железничка или трамвајска, оформена од две паралелни шини.
Англиски: rail Албански: binar
Примери:
тесен колосек
широк колосек
2. Место за пристигање и поаѓање на возовите на железничка станица.
Англиски: platform Албански: platform, binar
Примери:
Возот тргнува од третиот колосек.
3. Обичен, вообичаен тек на животот, нормален тек на нешто.
Англиски: track Албански: binar
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се мачи да продолжи по нормалниот колосек на животот.
Изрази
Влезе во колосек - во тек е на некоја активност.
Исфрли (излезе) од колосек - излезе од редовниот, нормалниот тек на животот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи