а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

колне

колнат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Гласно кажува зборови со кои посакува несреќа на некого.
Англиски: curse Албански: mallkoj, nëm
Примери:
Аир да не види - колнеа жените.
2. Заколнува некого во нешто.
Англиски: swear Албански: bëj be
Примери:
Во се те колнам, врати се, сине мој!
3. (се колне) Уверува, убедува со заклетва во вистинитоста на нешто.
Англиски: swear Албански: bëj be
Примери:
Се колнам во честа дека ќе го чувам.
Се колнеше дека ќе ја земе за жена.
Се колнеше во своите предци дека не е грешник.
Изведенки
колнење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи