а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

колку

Вид збор: Прилог
1. Во која количина или број е.
Англиски: how many
Примери:
Колку го купи?
Колку тежи?
Колку е часот?
2. Во кој степен е.
Англиски: how
Примери:
Колку е добар?
Колку високо лета!
Колку го љубам!
3. Како, споредено, исто со.
Англиски: as much
Примери:
Тој е висок колку татко му.
Крив е колку што е тежок.
4. само, едвај
Англиски: barely
Примери:
Јаде колку да преживее.
Зготви колку за адет.
5. Во врска со, што се однесува до.
Примери:
Колку за работава, лесно.
Колку за синот, не му се мешам.
6. Кога, штом, само што, тукушто.
Англиски: as soon
Примери:
Колку го сретна пред порта, почна да го навредува.
7. онолку, толку
Англиски: as much
Примери:
Колку што ти душа сака.
8. (колку што) онолку, толку
Англиски: as much
Примери:
Земи, колку што ти душа сака.
Изведенки
1. колку-годе прил.
Макар малку, колку и да било.
Пример: Секој колку-годе тагувал.
2. колку-толку прил.
колку-годе
Пример: Се завиткаа со ќебето, колку-толку да се затоплат.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи