а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

колиба

мн. колиби
Вид збор: Именка, женски род
1. Привремено засолниште, куќичка од колци, трски или плитар, покриена со гранки, прачки, слама, лисја што се прави обично на планина, на лозје, во поле.
Англиски: hut Албански: kasollë, kolibë
Примери:
Спиеше во сламената колиба на еден полјак.
Презимија во овчарска колиба.
Напуштена дрвена колиба.
2. Мало населено место од неколку куќи виcоко во планина.
Англиски: village Албански: fshat, katund malor
Примери:
Ако стаса до колибите, ќе куртули од студот и од гладот.
3. Мало бедно живеалиште.
Англиски: shack Албански: klasollë
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
На сред село, покрај големите куќи стоеше колибата на еден сиромав.
Изведенки
1. колипка ж.
мн. колипки
и колипче, мн. колипчиња ср. дем. и хип.
2. колибиште ср.
мн. колибишта
аугм. и пејор.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи