а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

колеба

колебаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. За дете - лула, ниша.
Англиски: swing Албански: përkund
2. Предизвикува нерешителност кај некого.
Англиски: waver Албански: i pasigurt, luhatem
Примери:
Нешто го обеспокојува, го колеба.
Мојов замислен потфат ме колеба.
3. (се колеба) Се наоѓа во состојба на нерешителност.
Англиски: vacillate Албански: i pasigurt, luhatem
Примери:
Се колеба дали да продолжи да учи.
Се колебам што да правам.
Тој се колеба, се двоуми, не може да се реши.
4. (се колеба) Се менува, варира.
Англиски: vary Албански: ndryshoj, hamendem
Примери:
Каматните стапки се колебаат.
Изведенки
колебање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи