а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

колач

мн. колачи
Вид збор: Именка, машки род
1. Слатко печено тесто, направено од меко брашно со млеко, јајца и масло, обично исполнето со фил.
Англиски: cake Албански: kollaqe, ëmbëlsirë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Ги пречека гостите со колач и кафе.
За појадок имаше колач cо бадеми.
2. (обично мн.) Слатки испечени од парчиња од такво тесто.
Англиски: cake Албански: kollaqe
Употреба: Гастрономија
Примери:
суви колачи
коледарски колачи
колачи со крем
чоколадни колачи
3. Обреден леб испечен за некои празници од меко брашно во облик на круг, обично со украси од тесто на површината.
Англиски: cake Албански: kulaç
Употреба: Црковен термин
Примери:
Попот одеше во обиколки низ селото за крштевање вода, кршење колач и светење масло.
божиќен колач
велигденски колач
свадбен колач
4. Тој што коле добиток или живина за месо.
Англиски: butcher Албански: therës, kasap
5. Убиец што ја коле својата жртва.
Англиски: slaughterer Албански: kasap
Примери:
За време на војната тие беа опасни и крвави колачи.
Изведенки
колаченце ср.
мн. колаченца
дем. и хип.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи