а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

колан

мн. колани
Вид збор: Именка, машки род
1. Цврста лента, кожена, платнена или од друг материјал, што служи за стегнување на облеката преку половината.
Англиски: belt Турски: kolan Албански: kollan, rrip
Примери:
Го истргна коланот од панталоните.
На нивните колани висеа фишеци и бомби.
Носи срмен колан.
2. Лента, кожена или од друг материјал, за придржување или за прицврстување на нешто.
Англиски: belt Албански: kollan, rrip
Примери:
Колан од пушка.
Колан од самар.
Изрази
Cтегање на коланот - принудно штедење, сиромаштија.
Изведенки
коланче ср.
мн. коланчиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи