а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кожурец

мн. кожурци
Вид збор: Именка, машки род
1. Последен степен од развојот на некои инсекти (свилена буба, пеперутка).
Латински: pupa Англиски: cocoon Албански: fshikëz
Примери:
Таа презимува во стадиум на ларва во свилест кожурец.
2. Што личи на кожурец по своите психички или ментални карактеристики.
Англиски: cocoon Албански: fshikëz, gëzhojë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Можеби јас сум тој што е затворен во зачмаен кожурец, неподвижен, нерешителен слабак што го одложува текот на настаните.
Тој бил прероден, а досега живеел во кожурец, како ларва.
Зачмаена во кожурците на догматизмот, нашата критичка свест се обиде да ги зацврсти своите позиции.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи