а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кожа

мн. кожи
Вид збор: Именка, женски род
1. (само едн.) Надворешна обвивка што го покрива телото на човек или на животно.
Англиски: skin Албански: lëkurë
Употреба: Анатомија
Примери:
Збрчкана кожа.
Мазна кожа.
Кожата го покрива и го заштитува животинското тело.
2. Таква обвивка, одрана од животно и обработена, што служи за изработка на различни предмети.
Англиски: leather Албански: lëkurë
Примери:
Носеше капа од јагнешка кожа.
Штавена кожа.
Говедска кожа.
Селаните носеа ќуркови, поставени одвнатре со кожа.
3. Надворешна обвивка на некои плодови.
Англиски: peel Албански: lëvore, lëkurë
Употреба: Ботаника
4. кајмак
Англиски: skim Албански: shkumë, kajmak
Употреба: Гастрономија
Изрази
Коска и кожа - многу слаб.
Си ја чува кожата - избегнува судири, непријатности.
Кожата му се наежи - cе исплаши.
Има дебела кожа - е неосетлив на навреди, на критики.
Ја спаси кожата - cе спаси, остане жив и здрав.
Од оваа кожа во друга не се влегува - не може ништо да се направи, не може да се избегне некаква неволја.
Да не cи му во кожата - да не си на негово место, да не си во негова положба.
Му влезе под кожа - се додвори некому.
Му ја одра кожата - искористи, ограби некого.
Да излезе човек од кожа - изгуби трпение и самоконтрола.
Исфрли (извади) од кожа некого - направи да изгуби трпение, самоконтрола, извади од такт некого.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи